Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, блиски роднини на Љубе Бошковски

Траги од крв, отворен автомобил и мотор, од кој во возење непознато лице се обидело да го ликвидира Љупчо Костадиновски, татко на Самоил, исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски.

Ова е се што е останато на лице место во населбата Лисиче, непосредно до домот на семејството.

Љупчо Костадиновски заминал со возилото, но во него било пукано од страна на непознат сторител кој бил со мотор. Откако било пукано во него, успеал да го собори човекот кој пукал, кој пак веднаш заминал на другата страна на улицата и оттука му се губи трагот. Костадиновски се обидел да побара помош од дома, за што говорат и трагите од крв кои се пролеваат од автомобилот до неговиот дом.

Дел од граѓаните кои живеат во околните куќи не сакаа да зборуваат пред камера. Но, зад камерите велат дека се работи за обид за ликвидација, бидејќи Костадиновски се обидува да го најде својот син. Пукањето дел од нив го слушнале како повеќе од еден истрел, но мислеле дека се работи за брзо возење на мотори, нешто што често се случувало на нивната улица.

Министерството за внатрешни работи се уште врши увид пред домот на семејството Костадиновски, каде се случило пукањето. Од таму за ТВ 24 велат:

„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ. К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“

Љупчо Костадиновски во повеќе наврати се обраќаше до јавноста и нудеше парична награда за пронаоѓање на неговиот син Самоил, кој беше пријавен дека е киднапиран на трети март во скопската општина Кисела Вода. За неговото киднапирање се осомничени две лица, но Самоил се уште не е пронајден.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот…