Реакцијата на државниот врв за посетата на Курти беше хистерична и надополнета со доза етнонационализам, велат од БЕСА

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Блерим Сејдиу денеска на прес-конференција во Тетово не сакаше да одговори дали за нив е прифатливо да се вее знаме со карта на „голема Албанија“, иако фотографија со ова знаме се најде на профилот на социјалните мрежи на партискиот лидер Биљал Касами. Според Сејдиу, тие не можат да преземат одговорност за публиката, а вели и дека Курти бил пречекан со сите државни знами ња и законските постапки

„Општина Тетово го покани Курти како премиер и поради присуството на таков висок државен функционер беа поставени знамиња пред зграда. Тој (Курти н.з) одлучи да не се сретне со претставниците на највисокото држано раководство“,рече Сејдиу.

Според Сејдиу, македонските државни раководители со нивните реакции за посетата на Курти го откриле нивниот национализам кој се криел зад демократскиот јазик и рече дека нивната реакција била хистерична, со доза на етнонационализам што е против соработка за добрососедство.

„Владата на Македонија (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски-ВМРО) се плаши дека мобилизацијата на албанизмот ќе ги отповика шаблоните на политичка соработка со скриена комунистичка идеологија меѓу Скопје и официјален Белград“,кажа Сејдиу.

Од БЕСА велат дека идејата на Албин Курти за засилена меѓусоседска соработка меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Косово има единствена цел за неутрализацијата на многу големото српско т.е руско влијание, кое во последните 20 години растело на Балканот, а особено во Македонија.

Вчера претседателот Пендаровски беше обвинет за албанофобија од партијата Алтернатива поради неговото барање за правна одговорност за оние што ја уништиле државноста на С Македонија поради химната на албанското знаме и албанските национални знамиња, и велат дека напаѓајќи го Курти, очигледно е дека Пендаровски се додворува на ДУИ за да добие поддршка за кандидатура и сака да покаже на Апасиев (лидерот на партијата Левица) и на албанофобните македонски националисти дека неговата лојаност им припаѓа ним.

„Тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот”,изјави вчера Муртезани.

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој завчера беше во неофицијална посета на земјава, пред да замине во Тетово, присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во Општина Чаир.

По појавата на знамето на Голема Албанија на пречекот на Курти, СВР Тетово најави дека ќе се идентификуваат сторителите, но денес три дена по настанот нема нова информација.

„СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“,соопшти СВР Тетово.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Копал гроб, откопал граната

Вработен во погребалниот сервис „Бутел“ вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св.…