Рускоска бара странска помош поради притисок од владин функционер

Раководителот на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска вечерва преку писмено обраќање ги повика амбасадите и јавноста од како што го нарече загрозувачкиот притисок од претставник на владата односно директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми кој е под истрага, а кој денеска се закани дека на Русковска и на две други обвинителки од обвинителството ќе им поднесе кривични пријави.

Таа во обраќањето бара и реакција на европската обвинителка, романката Лаура Ковеши која е позната по многубројните истраги и обвиненија против романските политичари кои криминално ја злоупотребиле функцијата.

За Арафат Муареми вели дека нема да дозволи лице против кое се постапува да и го валка образот, а ќе презентира пред јавноста што е откриено за да се види кој сторил криминал.

„Никогаш нема две вистини. Има само една“, стои во завршницата на обраќањето на Русковска. .

„Во периодот што следува сум подготвена со јавноста да ги споделам информациите кои ОЈО ГОКК ги има и ќе ги обезбеди за лицето за кое се проверува постапувањето Арафат Муареми (сè уште директор на Финансова полиција), па јавноста нека суди кој е криминалец, а кој се бори против криминалот“, пишува раководителката на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

„Јас како обвинител со стаж повеке од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постапувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ги градела. Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, го почнува Русковска обраќањето до јавноста и до амбасадите.

Таа ги повика домашните институции да реагираат за притисоците лично кон неа и кон Обвинителството за гонење организиран криминал затоа што „во државата има криминал, но има притисоци тој да не се гони“.

„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“, повикува Русковска.

Русковска посебно до владата упатува обраќање бидејќи Муареми е назначен токму од владата за директор на Финансиската полиција. Наведува „сакам да праша – како тоа се напаѓаат клучните обвинители кои ги водеа случаите против Катица Јанева, Ременски, Рашковски и Зеќири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери?“

„Згрозувачки е овој притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата Арафат Муареми, како и мешањето во предмет на ОЈО ГОКК кое е стриктно забрането, согласно Законот за јавно обвинителство. Ако Владата сака државата да биде вистинска правна држава, а не правна држава прикажана преку ПР преку медиумите, вистината мора да излезе на виделина!“, бара Русковска.

Таа смета дека решавачки мерки треба да бидат преземени и од странските претставници кои се години ги обучуваат државните институции за борба против криминал и дека државата не е диктатура ниту монархија туку земја членка на НАТО каде не треба да се замижува пред кој било криминал па дури и во највисоките ешалони на власта.

„Токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК треба и меѓународните институции како и амбасадите на САД на ЕУ сериозно да преземат мерки, затоа што ова најмалку доликува на земја-членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив! Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија, во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери, за обвинители да замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта“, вели Русковска.

Total
0
Shares
Поврзани објави