СЗО: Болницата „Ал Шифа“ во Газа е „зона на смртта“, потребна е итна евакуација на пациенти

Вчера стотици луѓе, вклучително и пациенти ја напуштија „Ал Шифа“, а дел од медицинскиот персонал изјавија дека, исто така им било кажано да заминат, наводи кои Израел ги негираше. Новинар кој бил во комплексот за Би-би-си вели дека во „Ал Шифа“ останале само неподвижните пациенти и многу мал број лекари. Претходно, Министерството за здравство на Газа, со кое раководи Хамас, соопшти дека 120 пациенти останале во болницата, како и неодреден број предвремено родени бебиња

Светската здравствена организација (СЗО) ја опиша ситуацијата во најголемата болница во градот Газа – „Ал Шифа“ како зона на смртта , по посетата на комплексот, јавуваат светските медиуми.  

Заеднички тим на Обединетите нации предводен од СЗО вчера околу еден час престојувал во болницата, проценувајќи ја состојбата по влегувањето на израелската војска во комплексот и евакуацијата на дел од медицинскиот персонал, пациенти и бегалци засолнети во неа, пренесува Би-би-си. 

Тимот наишол на масовна гробница на влезот во болницата и му било кажано дека во него се наоѓаат посмртните останки на 80 луѓе.  

„Недостатокот на чиста вода, гориво, лекови, храна и друга основна помош во последните шест недели предизвика болницата Ал-Шифа – некогаш најголемата, најнапредната и најдобро опремена упатна болница во Газа – суштински да престане да функционира како медицинска установа. Тимот забележа дека, поради безбедносната ситуација, беше невозможно персоналот да спроведе ефективно управување со отпадот во болницата“,се наведува во соопштението на СЗО.

Total
0
Shares
Поврзани објави