Скопје утрово е трет најзагаден град во светот

На интернет страницата Airvisual, која го мери загадувањето на воздухот во светот, утрово македонската метропола се најде на третото место во светот, како град во кој се дише многу загаден воздух.

Со индекс на загаденост од 172 единици, Скопје утрово е трет најзагаден град во светот, а пред него се најдоа Сарево со 231 единица и Делхи со 198.

Во Скопје воздухот е дефиниран како многу нездрав, и концентрацијата на ПМ 10 честоички е 19 пати над дозволеното ниво.

Total
0
Shares
Поврзани објави