Уште три стана и гаража на Сашо Мијалков продадени за над 330 илјади евра

генцијата за управување со одземен имот информира дека со објавата за продажба на четири недвижности, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Станува збор, како што истакнуваат надлежните, за три стана кои што се наоѓаат на ул. Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје”.

Од агенцијата истакнуваат дека со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра.

Во септември агенцијата успеа да продаде вкупно три одземени недвижности од Мијалков, согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Total
0
Shares
Поврзани објави