11 месечно бебе во градинка скршило клучна коска- Семејството бара одговорност

Скршеница на клучната коска, гребнатина и модринка под десното око кај 11 месечно бебе констатирале лекарите во Ургентниот центар.

Родителите се сомневаат дека нивното дете со повреди се здобило во градинка. Таткото обвинува за негрижа од страна на негувателките во групата јасли во установата “8 април” во Шуто Оризари.

Според Имер Салиу, настанот се случил вчера помеѓу 8 и 10 часот и 30 минути кога детето престојувало во градинката, но никој не ги информирал за повредите туку им објаснувале дека бебето најверојатно било вознемирено зошто му растеле забчиња. За да откријат зошто не престанува да плаче го однеле на Клинички, а случајот го пријавиле и во полиција.

– Бебе на 11 месеци не може само да си ја скрши коската, не може да збори ниту да оди. Тоа бебе било под надзор на негувателките. Дали они се фактор за повредата, дали они ја предизвикале или не внимавале на неа додека се случило ова не знаеме. Не добивме никаков одговор. Како родител барам одговорност посебно од општината Шуто Оризари бидејќи градоначалникот е надлежен за вработување на кадарот, изјави Имер Салиу, татко на 11-месечното бебе.

Градоначалникот на Шуто Оризари вели дека ќе почека истрагата да покаже што се случило, но настанот го поврзува со смената на директорот бидејќи го разрешил зошто се заканувал и навредувал повеќе вработени.

– Јас сум загрижен како градоначалник. Имаше инцидент еден ден претходно со директорот и вработените. Мислам дека поврзаноста е повеќе тука. Не негирам дека детето е повредено, но да ги видиме околностите. Многу е симптоматично за еден ден да имаме повредено дете. Да оставиме истрагата да покаже. И јас со моите ресурси кои ги имам на располагање истражувам. Доколку се утврди било што и ние како општина ќе реагираме согласно законските можности, изјави Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари под чија надлежност е градинката.

Вчера на информативен разговор во полициска станица беа повикани сите инволвирани, а истражните органи треба да утврдат каде и како настанале повредите кај 11-месечното бебе. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кичевскиот заминува дома

Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичeвскиот ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на…