Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни кучиња.
Денеска околу 17ч пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишна девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници од кои две ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа. Едното куче ја каснало за левата нога нанесувајќи и длабоки, видливи рани со видливо крварење, а второто ја каснало за десната рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди. Девојката неможејќи сама да се движи и справи со ситуацијата ги повикала својот татко и една своја другарка да и пружат помош по што во видно вознемирена состојба била одведена во хируршкото одделение од струшката болница каде и биле санирани раните и била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.
Поврзани објави
Познат мотивот за синоќешното двојно убиство во Гевгелија
Според првичните информации од Јавното обвинителство мотив за двојното убиство во Гевгелија се нарушени меѓусебни односи на двајцата…
Бектеши: Цените на брашното, лебот, шеќерот , млекото, месото да бидат замрзнати до крајот на февруари
Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните…
Судот во Тетово одлучил Села да ги добие печатите од Алијанса за Албанците, Таравари најавува жалба
Судот во Тетово донел одлука печатите од партијата Алијанса за Албанците да ги добие крилото на Зијадин Села.…
Oсмани ја пречека министерката на Словенија со погрешно знаме, па се извини
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја пречека министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, со знаме…