Македонија меѓу првите во светски рамки заразени со Ковид-19

Македонија спаѓа во земјите каде што бројот на навозоаразени случаи од Ковид-19 најбрзо расте.

Според анализата на Њујорк тајмс, Македонија се натпреварува со Косово, Бугарија, Јордан и Кувајт. Додека пак Либија и Грција ни дишат во врат.

Македонија денеска урива рекорди по бројот на починат и заразени од корона вирусот. Новиот број на потврдени случаи во земјата е 196.

Само во Скопје се регистрирани 90 заболени, а висока бројка денеска денеска бележи и Тетово, 45. Куманово има 17, Охрид 11 нови случаи, а Струга и гостивар по 8. Штип има 5 и Битола 4 нови случи.

Од почетокот на пандемијата, рекордна бројка има и на починати, дури осум. Најмладиот починат е од Гостивар на 31 година, додека најсториот починат пациент е на 81 години од Охрид.

инфо: Њујорк тајмс

Total
0
Shares
Поврзани објави