Нови 164 случаи на ковид-19, починаа две пациентки во Скопје и во Тетово

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар, Свети Николе и Ресен по двајца и по еден во Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Валандово и Неготино.

Во изминатото деноноќие регистрирани се и два смртни случаја како последица на коронавирусот. Во болницата „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53) хоспитализирана како сомнителна на Ковид на 2 јуни и потврдена за позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60) хоспитализирана како сомнителна на Ковид на 9 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти во Скопје-3, Прилеп-6 и Струга, Велес и Виница по еден.

Total
0
Shares
Поврзани објави