Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е уапсен во Мелбурн и ќе биде депортиран, пренесуваат српските медиуми, иако Федералниот суд утрово ја усвои жалбата на српскиот тенисер за укинување на визата по доаѓањето во Мелбурн.
Оваа вест на Твитер ја објави американската новинарка Ксенија Павловиќ МекАтер, повикувајќи се информација на таткото на Ѓоковиќ. Австралиските медиумите јавија дека пред зградата каде се наоѓа Ѓоковиќ има многу полиција, а веста ја потврди и братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ.
-Новак покажа колку е истраен и колку верува во идеалите, се избори за себе и за цел свет. Од друга страна имаме систем во Австралија, според кој, судијката донел правилна одлука врз основа на факти, а сега добиваме информации дека министерот за внатрешни работи е над, изјавил Ѓорѓе Ѓоковиќ. Сепак официјална потврда за овие информации се уште нема. Неговиот татко за на пладне најави прес-конференција.
Ѓоковиќ требаше да го напушти бегалскиот хотел во кој престојуваше претходните денови, а вратени му биле и пасошот и личните работи.
Сепак, според последните информации од Австралија, Ѓпковиќ е приведен и ќека да биде депортиран.
Веднаш по изрекувањето на пресудата, државниот обвинител Кристофер Тран најави дека министерот за имиграција може повторно да му ја укине визата на најдобриот светски тенисер.
Според посебните надлежности, тој има право да го направи тоа од различни причини, доколку одлучи дека се од јавен интерес. Ако министерот донесе таква одлука на Ѓоковиќ може да му биде забранет влез во Австралија во наредните три години.
Извор: fokus.mk