Автобуското метро кое ќе се гради во Скопје ќе минува врз главната цевка за вода

Под средишната жардинера на булеварот Партизански одреди на потегот од Ѓорче Петров до зградата Тифани се наоѓа главната цевка за водоснабдување на Скопје Ф 1.600.

Според вчерашната презентација на проектот жардинерата ќе биде отстранета, а на нејзиното место ќе биде трасата за Бас рапид транзитот (БРТ). Возила ќе има на секои три минути, а во средината ќе бидат изведени и затворени станици по принципот на метро станиците.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека нема никаква опасност од пукање на главната цевка за вода поради движењето и вибрациите од автобусите бидејќи предвидени се соодветни и современи решенија.

„Сите аспекти се земени во предвид кога експертите и консултантите работеа на решението. Во тендерската документација ќе се бара долж трасата на булеварот Партизански одреди да се постави т.н. ѕвоно со што ќе се дисперзираат вибрациите од возилата на страна односно на другите коловозни ленти. Ќе се предвидат посебни решенија и за четирите локации каде има воздушни вентили“, вели Шилегов.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави