Автобусот кој се преврте кај Славонски Брод е со косовски национални ознаки, загинаа 10 лица

Најнови информации стигнуваат околу страшната несреќа која утрово се случила на автопатот Славонски Брод – Загреб, во близина на наплатната рампа во Славонски Брод.

Порталот „24 САТА“ јавува дека автобусот, бил со косовски таблички, а засега неофицијално загинати се 10 лица, додека 30 се пренесени во болница.

„Во 6:22 часот примивме дојави за слетување на автобус. Се работи за автобус со косовски таблици. Увидот е во тек. Засега не можеме да дадеме повеќе информации. Повеќе од 30 се повредени“, рече началникот на полицијата на Славонски Брод, Иван Галиќ, пренесува „24САТА“.

Прво од одрдени медиуми во Хрватска имаше информација дека автобусот бил со македонски регистарски таблички. „Јутарњи“, кој прв објави дека е македонски автобусот, потоа смени во „автобус со странски национални ознаки“.

Повеќе детали очекуваме во текот на денот.

Total
1
Shares
Поврзани објави