Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Пале Иловска

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за велешанката, Пале Иловска која одговараше за  “убиство на миг “ на нејзиниот партнер.

Според првостепената пресуда Илоска била доведена во животозагрижувачка состојба, бидејќи во моментот на одбрана била давена и малтретирана од страна на нејзиниот невенчан сопруг .

Овој случај беше следен со огромен интерес од јавноста и невладини организации.

Речиси сите апелираа и укажуваа дека Пале Иловска треба да се товари за кривично дело коешто е направено од нужна одбрана, односно дека таа го убила својот невенчан сопруг во моменти кога била во паника за сопствениот живот.

Таа била жртва на повеќегодишната семејна голгота од партнерот полицаец кој во септември 2021 под дејство на алкохол почнал да ја дави.  За да се одбрани го усмртила со нож.

Обвинителството се жалеше на ослободителната пресуда штро предизвика реакции во јавноста но второстепениот суд ја потврдил ослободителната пресуда.

Total
0
Shares
Поврзани објави