Бектеши и Груби поднесоа оставки, го молат премиерот да ги активира кога опозицијата ќе гласа за промена на Уставот

Денеска заедно со Бујар, Крешник, Фатмир и Јетон ги доставивме нашите оставки до премиерот, информира преку социјалните мрежи првиот вицепремиер Артан Груби.

„До: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Димитар Ковачевски
Тема: Оставка
Почитуван претседателе на Владата на Република Северна Македонија, г. Димитар Ковачевски,
Како носител на важна јавна функција, свесен за благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина, која несомнено има свое место во големото европско семејство, имајќи го предвид името на политичкиот субјект на кој припаѓам и кој начелно ја има интеграцијата на земјата како во НАТО, ЕУ и блиските и блиски односи со САД,имајќи ја предвид несоодветната состојба на опозицијата да ги гласа уставните измени во Собранието, свесни за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија,
Ви ја предавам, почитуван премиере, мојата оставка од позицијата прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа и да биде во сила по усвојувањето на предложените уставни измени во Собранието“. пишува Груби.

Пoјаснува дека се чувствува горд и почестен од довербата на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од доверба на Ковачевски да биде дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и за можноста да им служат на граѓаните.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Франција предлага барањата на Бугарија да се вклучат во преговарачката рамка на Македонија за влез во ЕУ ? – Мицковски бара средба на државниот врв

Додека се чека официјално да биде објавен предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, медиумите во Бугарија…