Британија, САД, Канада и Јапонија го забрануваат увозот на руско злато

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на руско злато како дел од новите санкции против Москва, како одговор на инвазијата на Украина, објави Даунинг стрит на првиот ден од самитот на Г7.

„Овие мерки директно ќе ги погодат руските олигарси и ќе го таргетираат центарот на воената машина (на рускиот претседател Владимир) Путин“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Британскиот премиер денеска се среќава со лидерите на Г7 на самитот во Баварија.

Претходно и американскиот претседател, Џо Бајден извести за слична акција.

Total
12
Shares
Поврзани објави