Бугарското МНР е подготвено да го потпише Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство

Бугарското МНР е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство, откако Народното собрание на Бугарија претходно даде зелено светло за предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Министерство за надворешни работи на Бугарија соопшти дека е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот, согласно член 12 од Договорот за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија.

Од друга страна, бугарскиот претседател Румен Радев, за францускиот предлог за Северна Македонија, кој помина кај бугарските пратеници, рече дека содржи голем број од основните бугарски барања, но можел да биде уште поуспешен доколку политичарите посветеле поголемо внимание на целиот процес.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

И Нинџа се предаде

Александар Василевски – Нинџа утрово се предал пред надлежните органи дал исказ и е во притвор во Шутка.…