Владата на законот за канабис му стави европско знаменце

ормирање специјален фонд од кој граѓаните треба да имаат бенефит во различни сфери, како и формирање Агенција за контрола на одгледувањето и екстракција на канабис. Ова се клучните делови на текстот на предлог – законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци што го утврди Владата. Според владиниот портпарол, Душко Арсовски, извозот на сув цвет од канабис веќе е започнат, но со предложеното законско решение попрецизно се регулира извозот.

„Се воведува нова давачка од дополнителни десет проценти од проходот од извезените количества – пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата и граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на новопредвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и за научни цели“,рече Арсовски.

На новинарско прашање зошто законот се носи со европско знаменце, Арсовски одговори дека во овој текст се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и на Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на Европската Унија, како и со повеќе меѓународни конвенции.

На прашањето дали со законот се предвидува декриминализација на лична употреба и на одгледување за лична употреба на канабисот, Арсовски одгвоори:

„И сега во казнениот законик е дозволена и не е казнива употребата на канабис за лична употреба, меѓутоа она што е политика на Владата кога веќе се оди во таа насока е да се прави измена и да се допрецизира и тоа јасно да се направи во казнениот законик за да немаме ситуации какви што ги имавме“, рече Арсовски.

Total
21
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Одлуката за отворање на границите е тешка, појавата на новите случаи со ковид-19 може да се менаџираат со рана детекција, вели Фабио Скано

„Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “, рече Скано.