Како сопственик на рускиот AutoVAZ, Renault активно работи на новата генерација на легендарното теренско возило Lada Niva. Сепак, по рускиот напад на Украина во 2022 година, Renault се повлече од AutoVAZ, прекинувајќи ја работата на новата Niva.
Renault имаше две големи деловни единици во Русија. Renault Русија му беше продадена на градот Москва, додека 67,69% од AutoVAZ, кој беше во сопственост на Renault, го купи Централниот институт за истражување и развој на автомобили и мотори NAMI.
Француската компанија не ги откри износите на овие трансакции, но неколку извори посочија симболична рубља за секоја од нив.
AutoVAZ е матична компанија на брендот Lada. Договорите за продажба на руските бизниси на Renault му даваат можност на францускиот производител да ги откупи своите средства во рок од шест години, но тоа сега изгледа речиси невозможна деловна мисија.
Уште во 2021 година, Renault изјави дека сака да ги спои компаниите Dacia и Lada во иста деловна единица, истакнувајќи дека двете марки ќе останат одвоени, со свои специфики, историја и стратегија.
Групацијата Renault работеше на развојот на новата генерација на Lada Niva, а новиот модел требаше да биде претставен оваа година. Новата Niva беше планирана во две должини и за продажба на неколку пазари, вклучително и цела Европа.
Големото растојание од подлогата, погонот на сите тркала и менувачот со редуктор беа дел од спецификациите на овој теренец, како и можноста за опремување со електрифициран погонски склоп во согласност со еколошките стандарди на Европската Унија.