Во Албанија се удавија татко и двата негови сина

Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја.

Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето.

Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех, тројцата починале од силните морски струи.

Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но безуспешно. Телата се предадени на обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(Видео) Љубљана под вода

Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби…