Во такси се договарале како да го запалат возилото на Шилегов

Полицијата приведе две лица на возраст од 22 и 24 години, осомничени дека му го запалиле возилото на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Инцидентот се случи на 9 март. Она што е несекојдневно во настанот, според објаснувањето на Обвинителството е тоа што двајцата осомничени, делото го договарале додека со кантата полна со бензин, се возеле во такси.

Прв во возилото влегол првиот, а потоа во Козле влегол и вториот, па почнале да се договараат како да го запалат аудиото. Се симнале на булеварот Партизанска од каде пешачеле до домот на екс-градоначалникот, каде го извршиле делото. Пламенот изгоре и уште еден автомобил, а неколку други беа оштетени. Двајцата се во 30 дневен притвор и ќе бидат обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Total
1
Shares
Поврзани објави