Времето до петок сончево и топло, во викендот ќе има заладување и дожд

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување.

Total
30
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина актерката Неда Арнериќ

Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст, објави Телеграф.рс. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан,…