Втора жртва во поплавите во Грција

Постара жена утрово било пронајдена мртва во месноста Палаци, во областа Магнисиа. Таа е втората жртва во невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека едно лице сè уште е исчезнато.

Вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето.

Поради силното невреме и поројниот дожд во централна Грција, луѓето во градовите и регионите кои се особено погодени вчеравечер (5.09) беа замолени да не ги напуштаат своите домови. Огромните водни маси веќе однесоа еден човечки живот и предизвикаа големи штети во регионот на Тесалија, вклучително и пристанишниот град Волос. Покрај регионите на Средоземјето, од невреме се погодени и некои балкански земји.

Драматична – особено во пристанишниот град Волос, каде водата на некои улици достигна речиси до покривите на паркираните автомобили. Автомобилите беа однесени во морето од водните маси, а со вода се полни и подрумите и продавниците. Покрај тоа, на многу места снема струја. Мобилната телефонска мрежа и интернетот исто така беа погодени и понекогаш работеа само во ограничен обем или воопшто не функционираа. Неколку стотици луѓе останаа заглавени на аеродромот на островот Скијатос, бидејќи авионите беа откажани, јави телевизијата Скај.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат бебето Аја, кое кога го пронајдоа спасувачите во Сирија се уште беше поврзано со папочна врвца со нејзината мајка

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините на урната зграда во северозападна…
Повеќе

Се пука во Косово

Пред повеќе од половина час одекна рафал од огнено оружје и најмалку една детонација во поширокото подрачје на…