Гевгелија: Маж осомничен дека сакал да го убие очувот, повеќепати го избол со нож

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија отвори истрага за обид за убиство во која е осомничено едно лице кое повеќепати со нож го избол својот очув.

Настанот се случил пред два дена, на 12 декември, кога осомничениот влегол во домот на очувот. Мал прозорец од домот бил отворен, па осомничениот преку него со рака успеал да ја отворил влезната врата и да влезе. По кратка расправија, според ОЈО Гевгелија, повеќе пати го избол со нож.

„Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки исеченици на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвави. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде што го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош. Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело“,соопштија од гевгелиското обвинителство.

За осомничениот од ОЈО Гевгелија бараат судот да му определи притвор.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

КОМАНДИРОТ СРЃАН СО БОГАТО ДОСИЕ НА ИНЦИДЕНТИ Жесток фраер под заштита на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкциите, обвинува Левица

КОМАНДИРОТ КОЈ ПУШТИ УБИЕЦ БЕШЕ ДЕЛ ОД ИНЦИДЕНТИТЕ НА ИЛИНДЕН КОИ МАРЈАН СПАСОВСКИ ОДБИ ДА ГИ ИСТРАЖИ За…