Девојчето кое беше сексуално злоставувано од 81-годишник во Кисела Вода има само 9 години

Деветгодишно е девојчето кое било сексуално злоставувано во скопската населба Кисела Вода од страна на 81-годишен сосед, објави Обвинителството.

Од обвинителството информираа дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото.

Обвинителството бара притвор, поради постоење на опасност од бегство и можност да се повтори делото.

МВР вчера објави дека 81-годишниот скопјанец е со иницијали И.П. и е приведен. Тој во текот на денот бил изведен пред судија, кој му определил мерка куќен притвор во траење од еден месец.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Здружение на обвинители за писмото на Русковска до амбасадорите: Со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска…