Десетина лица побарале помош во кочанската болница, нема потешко повредени

По големиот пожар што го зафати градот, десетина лица побарале лекарска помош во кочанската болница поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени

Пожарот оштети куќи, помошни објекти и возила, меѓу кои и едно противпожарно

Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.

Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.

Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири кон околните села.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…