Дизелот од утре 90 денари литар , поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5, а цената на дизелот се зголемува за три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,92 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5 денари за литар.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побараа од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера ги усвои Собранието

Од Платформата велат дека Пендаровски треба да стави вето бидејќи, меѓу другото, промените во Кривичниот законик ќе водат…