Европол уапси 150 лица во девет земји за недозволена трговија преку „темната мрежа“(dark web)

Во меѓународна полициска операција во повеќе земји од светот уапсени се 150 осомничени лица за купување или продажба на нелегална стока преку Интернет, како дел од една од најголемите операции насочени кон темната мрежа, соопшти Европол, цитиран од француските медиуми.

-Оваа операција, позната како Dark HunTOR, се состои од низа одвоени, но меѓусебно поврзани акции во Австралија, Бугарија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД, соопшти агенцијата Европол, со седиште во Хаг.

Вработените во Европол заплениле повеќе од 26,7 милиони долари во готовина, како и повеќе од 230 килограми дрога и 45 парчиња оружје.

Терминот „темна мрежа“ опишува делови од светската мрежа во која се крие идентитетот и локацијата на корисниците, а тие самите комуницираат преку шифрирани пораки. Таа е опишана како „Дивиот Запад на Интернетот“ бидејќи ја користат криминалци, екстремисти, хакерски групи и други.

Total
3
Shares

USJE
Поврзани објави