ЕМА: Можна е поврзаност меѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и случаите на тромбоза

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека постои можна врска помеѓу случаите на венска тромбоза и вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и препорача тоа да се стави на листата на несакани ефекти од вакцината.

ЕМА исто така препорача тромбоцитопенијата да се додаде на листата на несакани ефекти од вакцините на „Џонсон и Џонсон“ и „Астра зенека“.

Двете вакцини се одобрени за користење во Европската Унија.

Total
13
Shares
Поврзани објави