ЕУ: Несреќен настап на новата претседателка Силјановска-Давкова

Европската Унија очекува од новите власти во Северна Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат, рече денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано. 

Стано, на новинарско прашање да ги повтори позициите на ЕУ во однос на условите за натамошен напредок на Северна Македонија кон европската интеграција, рече дека вчера имале изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва.

„Да, го видовте твитот на претседателката Фон дер Лајен, ја видовте нашата вчерашна изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва. Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ“,  вели Стано.  

Запрашан какви чекори планира да преземе ЕУ доколку новото раководство хипотетички продолжи да се однесува како на вчерашната инаугуративната церемонија на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, Стано нагласи дека ЕУ искрено смета, очекува и верува оти новите власти на земјата ќе продолжат да испорачуваат и затоа не би навлегувал во шпекулации „што или ако“. 

„Мислам дека изјавите на ЕУ и нејзините претставници, твитот на Фон дер Лајен, заедничката изјава на комесарот Вархеји и високиот претставник Борел беа многу јасни дека ние очекуваме и се радуваме на заедничка соработка со избраните претставници во Северна Македонија, и со новата влада и со претседателот, за да помогнеме за земјата да напредува и да го испорача очекуваното што ЕУ го зададе во однос на пристапувањето на Северна Македонија. Ние, искрено мислиме, очекуваме и веруваме дека новите власти ќе продолжат да испорачуваат и не би шпекулирале што ако не испорачаат. Новите власти имаат чист почеток, имаат можност да ги убедат сите во ЕУ дека се посветени на европската иднина земја на нивната земја и дека ќе направат сè што можат за се продолжи на успешниот пат на пристапување“,додава тој.

За потсетување, додека претседателот на Собранието, Јован Митрески, вчера ја читаше свечената изјава во која е содржано уставното име Република Северна Македонија, новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, при повторувањето, користеше само Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави