Турската компанија Southwind Airlines, доби забрана за летање во земјите на Европската унија откако првично тоа го направи Финска. Причините за ваквата забрана се сомнежите дека оваа копанија е во сопственост на руски ентитени.
Southwind Airlines е формирана веднаш по избувнувањето на војната помеѓу Русија и Украина во 2022 година и се специјализира за летање од и до Русија. Она што е значајно да се каже е што оваа компанија оперира и во Македонија каде за време на туристичката сезона неколку пати неделно има чартер летови до Анталија. Со оглед дека планирано е компанијава да се активира во повторно во мај во Македонија прашањето дали воопшто оваа компанија ќе ги реализира плановите.
Компанијата е формално регистрирана во Анталија додека најголемиот дел од нејзиниот имот и персонал, вклучувајќи ги и сите три авиони, беа префрлени од руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс , во сопственост на тур- операторот Пегас Туристик.
Во февруари, ЕУ и САД воведоа уште еден сет на санкции против Русија кои беа насочени кон различни ентитети во неколку земји, вклучително и Турција. Вкупно 16 турски компании беа санкционирани поради наводно олеснување на транзитот на стоки со двојна употреба што може да ги користи руската војска.