Загинаа осум рудари во рудникот “Соко” во Србија

Во рудникот за кафеав јаглен „Соко“ кај Сокобања во Србија се урнал дел од јамата, а рударите останале заробени, јавува Радио-телевизија на Србија (РТС).

Директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родољуб Живадиновиќ, за РТС изјавил дека несреќата е голема и дека според првите информации загинале осум рудари, а околу 20 се повредени.

Тој посочува дека главно се работи за полесни повреди.

„Неколку околни центри ги испратија сите свои екипи колку што можеа, некои се транспортираат во Општата болница Алексинац. Засега имаме доволно капацитет“, додава Живадиновиќ.

Тој наведува дека нема информации уште колку рудари се заробени.

Рече и дека најголем дел од рударите се од Алексинац.

Порталот Нова.рс претходно објави дека според првите неофицијални информации загинале осум лица, а наведе дека и дошло до експлозија на метан.

Несреќата се случила утрово околу пет часот.

Total
21
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Маж почина на Кеј

Утрово човек починал додека трчал на кеј, блиску хотелот „Александар Палас.“ На местото се пристигнати брза помош и…