Земјотрес во Грција ја стресе Македонија, Битола најблиску до епицентарот

Пред 10тина минути западниот дел на државава го сртесе силен семјотрес. Според првичните информации се работи за земјотрес со јачина од 5.4 според Рихтер , а епицентарот е во грчкиот град Флорина, на 10тина километри од Битола.

Од Битола дознаваме дека владее голема вознемиренот на населението, а некои велат дека цел ден се чувствувале мали потреси во близина на граничниот прамин Меџитлија.

И во главниот град на државава земјотресот се почувствува многу силно. Скопјани кои живат во централното градско подрачје раскажуваат дека имало силен татнеж , по што некаде се слушало и крцкање на зидовите.

Оние кои живеат на повисоките места велат дека почувтсвувале долго тресење.

Додека се подготвува овој првичен извештај во Скопје се случува уште еден земјотрес со 4.1 степени по Рихтер.

Очекуваме нови информации од Битола и Грција …

А.П.

Total
1
Shares
Поврзани објави