Камерите забележиле како девојчето влегува во кола, набрзо ја нашле мртва: Свирепо убиство во Грција, чичкото признал се

Малата Василики Николопоулу(11) исчезна во неделата вечер во 21.10 часот, а семејството околу 3 часот утрината го пријавила нејзиното исчезнување.

За жал девојчето вчера е пронајдено мртво, со убод во вратот. За убиството се сомничи нејзиниот чичко, кој и претходно бил осудуван за силување на малолетнички. Тој наводно во полиција го признал убиството.

Ја одведов во нива и ја убив со штрафцигер, наводно рекол осомничениот чичко после апсењето.

Според локалните медиуми, осомничениот чичко, не го навел мотивот за убиството.

Откриено е дека чичкото вчера утрото одел да ги теши родителите на убиеното девојче, додека се уште верувале дека е киднапирана. Истовремено на социјалните мрежи делел информации „амбер алерт“, за нејзиното исчезнување.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред пратениците рече дека МВР ја следи работата на Онкологија уште…