Катица Јанева оди 7 години во затвор!

Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“ со што Бојан Јовановски – Боки 13 правосилно го осуди на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на 7.

Од Апелација соопштија дека ги разгледале жалбите на двајцата обвинети, како и на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое бараше повисоки казни, по што одлучиле да ги отфрлат и да ја потврдат пресудата која беше донесена од Основниот кривичен суд во Скопје.

Со одлуката на Апелација, пресудата станува и правосилна, по што од Кривичниот суд во Скопје на обвинетите треба да им испратат и упатен акт за во затворот каде ќе треба да ја одлежат казната. Двајцата во моментов се наоѓаат во домашен притвор.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Наќевски го праша Заев дали пред мајките го споменал и името на Трајко Вељановски и што рекал за него? – Не поседувам, ниту сум видел било какви докази за негова инволвираност, освен неточни писанија од квази новинари

Во продолжение од судскиот процес Монструм родителите на убиените деца го прашаа Заев за имињата и вмешаноста на…