Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за мајмунските сипаници

Во среда е закажан состанок на Комисијата за заразни болести, за да се разговара за можни мерки коишто може да се преземат за да се спречи пренесување на вирусот во земјава, односно, најмногу што може да се одложи регистрирањето на првиот случај во Македонија.

Една држава веќе воведе карантин за заразените со мајмунски сипаници, а епидемиолозите смируваат.

Но, подучени од тоа што го донесе Ковид-пандемијата, светот се подготвува за лошо сценарио.

Најлошото што може да се случи е мајмунските сипаници да донесат нова епидемија или пандемија.

Досегашните податоци од истражувањата се дека до такво нешто тешко може да дојде, особено што начинот на ширење подразбира многу близок контакт, а ризикот од смрт е многу мал.

Оваа болест е карактеристична за поизолирани делови на централна и западна Африка и се добива од диви животни.

Светските патници се под најголем ризик. Алармот веќе е вклучен во Светската здравствена организација, но тие велат дека нема податоци кои сугерираат на идни мутации на вирусот.

Сегашната појава на мајмунски сипаници во одредени делови, најверојатно е со сексуална трансмисија и на големи забави во Европа.

telma.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Паралелното мерење на PM10 честички во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите на воздухот измерени на други мерни станици

Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите…