Кумановските пожарникари извлекоа човек кој паднал во бунар

Кумановските пожарникари вечра извадиле човек кој паднал во бунар, во кумановската населба Карпош, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово како и од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Добивме повик од 112 дека човекот пропаднал во длабок бунар од околу 15 метри. Се упативме и со помош на јажиња, појаси, успешно го извлековме човекот и го предадовме на екипа на Итна помош Куманово за натамошно лекување, изјави Сашо Илиевски, командир на смена кој заедно со уште двајца колеги учествувале во интервенцијата.

Интервенцијата завршила во 13:50 часот и како што е наведено во дневниот билтен на РЦУК, човекот е во добра здравствена состојба.

Total
0
Shares
Поврзани објави