Лавров не доаѓа , соседите на Србија го затворија воздушниот простор за прелет на авионот

Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со што затворија уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на Министерството Марија Захаровa, нагласувајќи дека Москва не е таа што ја прави новата „железна завеса“, туку дека Европа е таа што ја опкружува Русија.

Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“ изјави дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за комуникација, не дозволувајќи прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвувал да ја посети Србија, пренесуваат медиумите во регионот.

„Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Земјите членки на Европската унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација“, рече таа, нагласувајќи дека Русија нема намера да ја крева „железната завеса“, туку дека тоа го прави Европската Унија, пренесува Спутник.

„Железните завеси нема да бидат, на крајот на краиштата, од наша страна, не треба да се грижите. ЕУ е таа што ја штити Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да научите нешто“, рече Захарова.

Ројтерс во неделата навечер, цитирајќи го Интерфакс, објави дека посетата на Лавров на Србија е откажана откако земјите околу Србија го затвориле својот воздушен простор за неговиот авион.

Извор од руското Министерство за надворешни работи го потврдил пишувањето на српските медиуми во кои се наведува дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот што требаше да го пренесе Лавров во Белград.

Total
1
Shares
Поврзани објави