Лидерот на СДСМ денеска им се извини на новинарите, рече дека тоа го прави искрено

Екс премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на Универзалната сала во Скопје и притоа рече дека ги прифаќа реакциите на новинарите и новинарските здруженија поради неговите ставови токму кон новинарите. Тој денеска им се извини на новинарите и рече дека тоа е искрено извинување.

Информираше дека имал долг разговор со претседателот на ЗНМ во неколку наврати, бидејќи, како што рече, тој е најдобриот сведок на тоа што се случуваше до 2016 година.

На прашање на кого мислел кога кажал дека „во подрум ќе цвикаат“, Ковачевски изјави дека тоа не е точна изјава.

Според него, „тоа се случувало до 2016 година и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува“.

Од ЗНМ вчера информираа дека на партиска трибина одржана на 19 февруари, Ковачевски се служел со непристоен говор кон новинари, притоа ставајќи ги сите медиумски професионалци во ист кош.

„Е, тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“ рекол Ковачевски на партиска трибина.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уранија Пировска: Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно! НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“

Само неколку минути по објавувањето на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој коментирајќи ја аферата „Рекет“, рече дека…