Македонија балансира на границата на енергетска криза

Хидроакумулациите немаат вода ниту да покријат еден едниствен ден од потребите за електрична енергија во државата, а вкупната количина на вода се проценува на околу 10 отсто од максималниот капацитет. Слично е и со РЕК Битола каде работи само еден блок и тоа со намалена моќност пшоради квалитетот на јагленот кој се користи. Вториот блок и третиот блок не се вклучени, иако тоа беше најавено пред петанесетина дена од директорот на ЕСМ Васко Ковачевски бидејќи нема доволно јаглен и пропадна тендерот за набавка на јаглен од странство. Истото важи и за Осломеј кој ја чека набавката а виси и рестартирањето на ТЕЦ Неготино чија моќност од 180 мегавати може само делумно да ја ублажи состојбата.

Во моментов потрошувачката на струја е двојно поголема од производствената моќ на домашните капацитети.

За пример ќе го земеме вчерашниот ден. Во 24 часа се потрошени 20.923 мегават часови, произведени се 10.942, а превземени се 5.943 мегават часови струја повеќе од најавеното. Оваа струја на превзеде МЕПО од европската елетрична мрежа по цена од 200 евра за мегават, што значи дека државната компанија само за вчера  треба да плати 1,2 милиони евра на произведувачите во странство. А допрва се очекува зголемента потрошувачка на струја поради падот на температурите.

Од МЕПСО бараат од Владата финансиска помош од 30 милиони евра со кои би се покриле загубите, однонсо би се платила превземената струја од европската електрична мрежа но и да се пуштат во погон термоелектраните на ЕСМ или пак ЕСМ да ја увезе потребната количина на струја, истото да важи и за приватните снабдувачи со селектрична енергија и вцеднаш да се набави мазут кој би се користел за потребите на ТЕЦ НЕготино.

извор: telma.mk

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави