Макрон бара брутални санкции кон Русија поради масакарот во Буча

Претседателот на Франција денес во интервју за француското радио France Inter повика на дополнителни санкции против Русија поради „масакарот“ во украинскиот град Буча и објавените видео снимни низ социјалните мрежи.

„Треба да се воведат повеќе санкции кон Русија бидејќи постојат јасни индикации дека руската војска е одговорна за убиствата на цивили во украинскиот град Буча“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Постојат многу јасни индиции за воени злосторства. До одреден степен, руската војска е прогласена за одговорна за масакрот во Буча“, изјави Макрон за радиото France Inter.

„Поради она што се случи во Буча, потребна е нова рунда санкции и многу јасни мерки“, додаде тој во својата изјава.

„Новите санкции треба да бидат насочени кон јагленот и нафтата“, посочи Макрон, кој овој месец повторно се кандидира за претседател на неговата држава.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува…
Повеќе

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат бебето Аја, кое кога го пронајдоа спасувачите во Сирија се уште беше поврзано со папочна врвца со нејзината мајка

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините на урната зграда во северозападна…