МВР спречи голема тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром

Синоќа во ТЦ Бисер во скопски Аеродром се собрале поголема група на малолетници кои подготвувале физичка пресметка, соопшти полицијата.

Имено, по добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром биле преземени соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи.

Се работи на расчистување на случајот, информираа надлежните.

Total
1
Shares
Поврзани објави