Мицкоски во 2020 година нудел две години премиер Албанец на ДУИ – тврди Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби во телевизиско гостување зборуваше за ставот на ВМРО ДПМНЕ понудата од премиерот Димитар Ковачевски за влез во владата по што лидерот Христијан Мицкоски го услови со излегување на ДУИ. Груби изјави дека Мицкоски нема ништо против Албанците, ниту против Албанец премиер, а како потврда рече дека во 2020 година, кога се преговараше за преземање на владата од ВМРО ДПМНЕ, до ДУИ стигнал и ваков предлог:

-Ова сегашно раководство на ВМРО ДПМНЕ нудеше една, а потоа и две години Албанец премиер само да отидеме во влада со нив во 2020 година.

На прашањето од водителот да прецизира  – “Значи во 2020 година вие имавте понуда од Мицковски 2 години Албанец премиер?“, Груби одговори:

-Да, рече кратко и потоа додаде:

– Испратена преку негов многу добар пријател на СМС, во разговори, но и по други канали. Мицкоски нема проблем ни со Албанците, ни со Бугарите, проблем е само со власта, рече Артан Груби.

Total
0
Shares
Поврзани објави