Мицкоски извади нови документи за случувањата на „Онкологија“: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изнесе нови сведоштва и документи за скандалот на Клиниката за онкологија, за кои рече, дека ги добил преку свиркачи. Тој истакна дека претходно се консултирале со стручни луѓе за содржината на документацијата.

-Извештај од ФЗО од извршена вонредна контрола во Онкологија. Периодот кој што е опфатен е од 1 август 2021 година до 1 август 2023. Овој извештај го опфаќа работењето на МЗ во овие две години. Добавувачите согласно договорите се должни да ги испорачаат лековите во текот на 10 дена. И покрај што има периоди кога пациентите не ја добиваат терапијата, не е испратен ниту еден допис од одговорните лица за да се надмине дефактурата и да се даде негативна референца на набавувачот. Ниту еден добавувач не е предупреден, ниту има негативна референца, ниту е добиен одговор зошто не се испорачува робата, рече меѓу другото Мицкоски на денешната прес-конференција.

Мицкоски праша зошто никој не го отворил прашањето по која цена Клиниката ги наплаќа услугите од Фондот.

-Дали не сите граѓани имаат право на живот? Овие документи што ги гледате се само четири од многу и тоа се лекови кои што би требало да спасат човечки животи и кои за нив претставуваат можност за профит. Ова се лекови кои според ФЗО на 31-март биле залиха и биле подготвени да бидат аплицирани кај пациентите, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изнесувајќи информации за количините на лековите.

Тој истакна дека ќе ги достави овие документи до Основното јавно обвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дете падна од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски,…