Неверојатна приказна на мистериозната жена пронајдена на Крк: По 10 дена откриен нејзиниот идентитет

Останала без ништо, по славата станала бездомник и завршила во американски здруженија кои се занимаваат со рехабилитација на бездомници и луѓе со ментални проблеми и проблеми со зависност. Судбината на жената која беше пронајдена дехидрирана и повредена на Крк е неверојатна, пишува РТЛ.

Потрагата го откри името на жената која беше спасена од НГСС на островот Крк во неделата на 12 септември, а нејзината животна приказна е вистински филмска.

Денеска се појави информација дека жената е идентификувана како Даниела Адамцова. Неофицијално се дознава дека полицијата преку меѓународна соработка и Интерпол добила потврда дека се работи за државјанка на Словачка на возраст од 57 години.

Препозната е на фотографијата, а конечна потврда за идентитетот ќе се направи со отисоците од прстите. Имено, Даниела некогаш била дел од светот на славните.

Студирала дизајн и изработувала дизајнерски накит што го носеле sвезди како Брижит Бардо, Дајана Рос, Барбара Стрејсенд, составот на серијата „Пријатели“…

Но, во одреден момент, работите тргнале наопаку . Таа останала без се, по славата станала бездомник и завршила во американски здруженија кои се занимаваа со рехабилитација на бездомници и луѓе со ментални проблеми и проблеми со зависност.

Жената е пронајдена на 12 септември на брегот на островот Крк, во близина на градот Чижиќи. Таа била дехидрирана и исцрпена, а била забележана од човек на брод кој повикал полиција и ХГСС. Припадниците на спасувачката служба ја однеле од непристапниот терен до автомобилот, по што била префрлена во Риека. Таа имала повреди на лицето, но полицијата не се посомневала во злосторство.

Бидејќи не се сеќавала на нејзиното име или какви било информации за себе, и немала мобилен телефон или лични документи, полицијата минатата недела испрати повик до граѓаните да се јават доколку знаат нешто. Нејзиниот ранец бил пронајден во вторникот, но во нејзиниот паричник немало документи или пари.

Според информациите собрани од потрагата, Адамцова отишла во Ирска во 2015 година, а последните години патувала во Европа. Во Хрватска дошла со воз.

Која е Даниела Адамцова?

Нејзиниот прекар е Данка, а таа е дизајнерка на накит што ја носат sвезди како Брижит Бардо, Барбара Стрејсенд и тимот од серијата Пријатели. Наводно, таа неколку пати се селела низ светот и патувала многу. На 19 години, таа живеела во САД, каде што била во брак со филмски продуцент. По разводот, таа се вратила во Словачка кон крајот на 2000 -тите, за да се врати во САД неколку години подоцна.

Интервју со Адамцова било објавено во 2008 година и е достапно на словачкиот портал My Trencin. Таму пишува дека таа е родена во Тренчин каде што живеела до својата 19 година кога заминала во Америка. Таа рекла дека сака повеќе слобода и не ги открила своите планови на никого во семејството до последен момент.

Total
9
Shares
Поврзани објави