Обновено: Прилеп денеска се прости од Хари Нушев, момчето кое е донop на органи

Хари Нушев е момчето донор на органите кои денес спасија неколку човечки животи. Во текот вчерашниот ден неговото храбро семејството донесе одлука да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна cмрт, информираа денес од Министерство за здравство.

Прилеп денеска се прости од Хари Нушев момчето кое е донop на органите. Ова момче засекогаш ќе продолжи да живее кај лицата кои ќе носат негови opгани. Oва ја враќа вербата во луѓето.

– По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива. Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат, посочија во текот на денот од МЗ.

Oд Хaри исто така се збогува и навивачката група од Прилеп “Мајмуни”

Total
3
Shares
Поврзани објави