Ова е херојот кој го запре масакрот во Цетиње

Црногорските медиуми објавија фотографија од Ненад Нено Калуѓеровиќ, кој го уби Вук Бориловиќ и го запре масакрот во Цетиње.

На социјалните мрежи граѓаните на Црна Гора го слават како херој кој спречи бројот на жртвите да биде уште поголем. Тој нема да одговара за убиството.

Бориловиќ околу 16 часот уби 11 лица, а рани уште четворица, од кои тројца се во животна опасност.

Јавната обвинителка Андријана Настиќ изјави дека во Цетиње загинале девет лица, додека двајца им подлегнале на повредите во Клиничкиот центар во Подгорица.

„Од 11 убиени, две се деца“, рече Настаиќ.

Посочува и дека Бориловиќ бил убиен од негов сограѓанин.

На социјалните мрежи веднаш потоа протекоа информации дека Бориловиќ бил убиен од Калуѓеровиќ и со тоа го спречил да убие повеќе сограѓани.

Total
22
Shares
Поврзани објави