Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

– Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на судијата на Основен кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, информира Врховниот суд.

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, се додава во соопштението.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

КЕШИШЕВ НИ РЕЧЕ КОПАЈТЕ ТАМУ КАЈ ПЕРНИЦИТЕ И КОГА СЕ ВИДОА ВЕЃАТА, НОСОТ И ЕДНАТА НОГА НА ДЕВОЈЧЕТО, ПРЕСТАНАВМЕ ДА КОПАМЕ, СВЕДОЧИ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК КАКО ЈА НАШЛЕ ВАЊА

Музафер Калишиќ, кој на 27 ноември кога беше грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил помошник-началник на СВР…