Од полноќ поскапуваат горивата: Бензините за денар и пол, а дизелот за два денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,537 ден/кг.

Total
10
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бојкотот никогаш не е решение, само ги збунивте оние што сакаа да гласаат „против“, вели Дескоска на отворените прашања од професорката Бузалковска од ФДУ

Министерката за правада Рената Дескоска вели дека Министерството за правда нема никаква надлежност над контрола на законитоста на…