Од 1 јули дозволено е работење и во затворените простории на угостителските објекти

Од 1 јули во угостителските објекти ќе може да се работи и во затворнените простории со исполнетост до 40 отсто од целосниот капацитет.

Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница. Дозволата за работа во затворени простории се однесува и на организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти.

Оваа одлука не ги опфаќа затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.

Total
1
Shares
Поврзани објави